Македонскиот репрезентативец Николче Новески денеска загуби со Мајнц на гостувањето во Менхенгладбах со 3-1 во претпоследното коло од германската Бундес лига. Сепак со овој пораз Новески не загуби многу во битката за место кое води во Европа следната сезона.
Најголемиот конкурент на Мајнц за сеедмото место на табелата тимот на Аугсбург денеска победи на гостувањето против Брауншвајнг со 1-0 во судиското продолжение. Сепак Мајнц има бод предност во пресрет на последното коло.
Мајнц излез во Европа ќе бара против Хамбругер на домашен терен и со победа ќе го задржи седмото место.
Шампионот Баерн Минхен успеа брзо да се рехабилитира од поразот со Реал Мадрид во Лигата на шампионите и на денешното гостување успеа да победи со 4-1 против Хамбургер кој грчевито се бори за опстанок во лигата.
Резултати:
Фрајбург – Шалке 0-2, Борусија Д. – Хофенхајм 3-2, Хамбургер – Баерн М. 1-4, Вердер – Херта 2-0, Брауншвајг – Аугсбург 0-1, Ајнтрахт – Баер Л. 0-2, Борусија М. – Мајнц 3-1, Нирнберг – Хановер 0-2, Штутгарт – Волфсбург 1-2.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


