Во првото полувреме од полуфиналето на Лигата на шампионите во Будимпешта тимот на Будуќност води со 11-6. Покрај цврстата одбрана на црногорките намоменти и доста груба, за овој лош резултат кумува и судиската двојка од Норвешка која во првите 30 минути има многу грешки и нерамноправен критериум. За потсетување е дека нашиот шампион не успеа да постигне гол повеќе од 15 минути. ЖРК Вардар знаеле во текот на сезоната да направат огромни пресврти и да се надеваме дека тоа ќе се случи во вториот дел и со победа да се пласираме во утрешното големо финале против домашната екипа на Ѓер.
Од шесте гола на вардарки Алисон Пино постгина три. Во првиот дел германскиот чувар на мрежата во тимот на Будуќност веќе успеа да направи двоцифрен број на одбрани, односно 10.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


