| четврток, 6 декември 2018 |

Се водат улични борби во Краматорск, има и жртви

Во источниот украински град Краматорск, во Донецката област, каде единиците на украинската армија спроведуваат специјална операција, се водат улични борби, соопшти дописникот на телевизискиот канал „Россија 24“, цитиран од ИТАР-
ТАСС.

kramatorsk

Според непотврдени информации, во борбите има жртви.

Според дописникот на руската телевизија, луѓе во униформи, без препознатливи знаци, „стрелаат без предупредување врз секоја движечка цел“.

Министерството за внатрешни работи на Украина соопшти дека украинските сили успеаеле под своја контрола да го земат телевизискиот центаър во Краматорск.

Министерството, цитирано од ИТАР-ТАСС, информира, исто така, дека зградата на градската управа на Службата за безбедност на Украина премина под контрола на Националната гарда.

Локалната телевизија прикажа снимки како оклопни транспортери минуваат низ градот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top