| четврток, 6 декември 2018 |

Грипот ја зеде и четвртата жртва

43 годишен маж е четвртата жртва на грип годинава. Пациентот кај кој бил детектиран вирус на грип од типот А починал на Клиниката за инфективни болести во Скопје, соопшти д-р Валерија Кирова Урошевиќ.

– Пациентот е примен во исклучително тешка состојба, но и со претходно тешки невролошки заболувања. И покрај преземените мерки за интензивно лекување, тој почина, изјави Урошевиќ.

Од клиниката информираат дека во критична состојба биле хоспитализирани уште тројца пациенти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top