| четврток, 6 декември 2018 |

Победа за Мајкл Дамески: Не очекував дека ќе ја освојам Австралија

 dameski 2

Посветено и решително, 18-годишниот Мајкл Дамески со своето фантастично танцување го освои првото место на австралиското шоу „So you think you can dance“. Наградата од 100 илјади долари планира да ја искористи за патување во Америка, кирија и нови патики.

-Воопшто не очекува да станам омилениот танчар во Австралија. Имав подеми и падови за време на шоуто. Претходно бев на дното и во еден момент бев втор со најмал број на гласови. Бев подготвен да кажам збогум и не очекував дека ќе завршам во топ 4. Кога дознав дека сум меѓу двајцата најдобри бев пресреќен. Благодарен сум и на сите кои најдоа време да гласаат за мене – изјави возбудениот Мајкл.

dameski 1

Малкумина може да поверуваат дека импресивната соло кореографија со која што Дамески се претстави во шоуто е направена за само еден ден, но младиот изведувач призна дека во рекордно време успеал да го смисли целиот концепт.

-Во главата имав поинакво замислен соло настап, но потоа кастинг директорот и продуцентот ми ја предложија оваа песна. Само што ја пуштија си реков „леле“ и веќе замислив моќна изведба за истата. Кореографијата ја направив буквално еден ден пред настапот, открива тој.

Освен наградата од 100 илјади долари, Дамески ќе добие уникатна можност избере помеѓу три различни можности за работа кои се поврзани со танцувањето

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top