Студентите од Универзитетот „Гоце Делчев“, Факултететот за музичка уметност, заедно со учениците од ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“, насоката за традиционална музика и игра, оддржаа шест целовечерни концерти. Салите во кои се оддржуваат концертите се едни од најрепрезентативните објекти во Јапонија. Концертната турнеја се одвива по веќе одредена маршрута на познатиот јапонски менаџер Тетсуо Масунага. Првиот концерт се оддржа во Токио, а потоа во градовите Канагава, Нагано, Нагоја, Гифу и Кобе. Во сите градови салите беа исполнети до последното место, младите уметници на сите концерти беа враќани на бис а куриозитетот се случи во Кобе, кога студентите беа вратени и четири пати на бис. Господинот Масунага кој е голем познавач на балакнската традиционална музика и игра со одушевување ги чека сите наши настапи. Публиката посебно е импресионирана од нашата музика и игра, но многу се заитересирани и за македонските носии, кои ги воодушевуваат со нивната оригиналност и автентичност. Во изјавите кои ги добиваме од јапонската публика најголем впечаток им остава Тешкото, исто така и грациозноста на градските игри, но со воодушевување зборуваат и за ората и песните од етничкиот предел Пијанец кои се изведуваат на пет тапани.
-Особено сме изненадени од голема група на фанови, кои доаѓаат на нашите концерти, поточно се работи за група јапонци, околу осумдесет луѓе кои беа присутни на сите наши концерти, а не уверуваат дека до крајот на турнејата нема да пропуштат ниту еден концерт, велат организаторите.
Покрај концертните активности, студентите посетиле и некои културни знаменитости од Јапонската култура, како традиционална јапонска куќа, градската тврдина во Канагава, каде што е формран првиот парламент во Јапонија од страна на Самураите во XI век. Во наредниот период предвидена е посета на градот Хирошима и познатиот вулкан Фуџи, како и посета на повеќе етнографски музеи за традиционални носии, инструменти и ора.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.