| четврток, 6 декември 2018 |

Пристигнаа првите странски туристи во Охрид за оваа година

Со доаѓањето на првите туристи во Охрид официјално започна годинашната туристичка сезона која се туристите од земјите од Бенелукс ќе заврши на 2 октомври кога е предвиден последниот лет за Амстердам

холандски туристи

Денеска на аеродромот во Охрид пристигнаа првите странски туристи за оваа година, кои традиционално се од Холандија. Вкупно 180 туристи слетаа на охридскиот аеродром преку холандскиот тур-оператор „Корендон“ и нивниот македонски партнер, агенцијата „Фибула Ер травел“.

Со доаѓањето на првите туристи во Охрид официјално започна годинашната туристичка сезона која се туристите од земјите од Бенелукс ќе заврши на 2 октомври кога е предвиден последниот лет за Амстердам.
Се предвидува во шпицот на сезоната на охридскиот аеродром да се реализираат по пет чартер-летови со гости од земјите на Бенелукс, а нивниот број да биде некаде околу 900 гости седмично.

Покрај „Корендон“, Македонија како дестинација за летување на туристичкиот пазар во земјите на Бенелукс ја нуди и тур-операторот „ТУИ Аркетравел“, чиј прв авион со гости во Охрид пристигнува веќе на 8 мај.

Годинава се очекува бројот на туристи од земјите да се зголеми за 10 проценти. Лани земјава ја посетиле 23.000 туристи од овие земји.
Турустичките работници на охридско-струшкиот регион очекуваат и гости од други земји.
– Активно работиме на подобрување на понудата, со збогатување на понудените содржини. Како новина оваа година е и чартер-лет на нашата агенција од Анталија за Охрид, што ќе се реализира од средината на идниот месец се до средината на септември -вели директорот на  „Фибула Ер травел“, Асим Меѓедовиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top