Денеска на аеродромот во Охрид пристигнаа првите странски туристи за оваа година, кои традиционално се од Холандија. Вкупно 180 туристи слетаа на охридскиот аеродром преку холандскиот тур-оператор „Корендон“ и нивниот македонски партнер, агенцијата „Фибула Ер травел“.
Со доаѓањето на првите туристи во Охрид официјално започна годинашната туристичка сезона која се туристите од земјите од Бенелукс ќе заврши на 2 октомври кога е предвиден последниот лет за Амстердам.
Се предвидува во шпицот на сезоната на охридскиот аеродром да се реализираат по пет чартер-летови со гости од земјите на Бенелукс, а нивниот број да биде некаде околу 900 гости седмично.
Покрај „Корендон“, Македонија како дестинација за летување на туристичкиот пазар во земјите на Бенелукс ја нуди и тур-операторот „ТУИ Аркетравел“, чиј прв авион со гости во Охрид пристигнува веќе на 8 мај.
Годинава се очекува бројот на туристи од земјите да се зголеми за 10 проценти. Лани земјава ја посетиле 23.000 туристи од овие земји.
Турустичките работници на охридско-струшкиот регион очекуваат и гости од други земји.
– Активно работиме на подобрување на понудата, со збогатување на понудените содржини. Како новина оваа година е и чартер-лет на нашата агенција од Анталија за Охрид, што ќе се реализира од средината на идниот месец се до средината на септември -вели директорот на „Фибула Ер травел“, Асим Меѓедовиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Втор ден хаос за туристите во Грција
-
180.000 туристи блокирани: До најпопуларните грчки острови денеска нема одење, прашање е кога ќе може
-
Од 100 до 750 евра казна за оваа лудост: Погледнете што прават туристите во Шпанија
-
Голема несреќа на Хаваи: Туристи повредени откако вулканска лава погодила брод