| четврток, 6 декември 2018 |

Бесплатни прегледи на очите во Кучково и Орман

офтамолог

Министерството за здравство во соработка со општината Ѓорче Петров продолжуваат со реализација на проектот „Рурален доктор“.

Во рамките на проектот лекарски екипи од Поликлиниката „Ѓорче Петров“ ќе вршат бесплатни прегледи во селото Кучково на 5 мај со почеток од 08.30-10.30 часот и во селото Орман на 6 мај 2014 година, со почеток од 08.30-10.30 часот.

Покрај прегледите граѓаните ќе добијат и совети за здравјето, исхраната како и превенција од болести од страна на стручниот медицински тим. Цeлта на проектот е да се обезбеди здравствена заштита и поголема достапност на лекарските служби кадешто нема лекар, а е значајно бидејќи во овие подрачја живее постаро население, кое има потреба од здравствени услуги.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top