Во скопското село Кучково, општина Ѓорче Петров денеска се одржува традиционалниот народен собир „Ден на крстот“. Собирот ќе почне со литургија што ќе ја води архиепископот охридско- македонски г.г. Стефан.
Традиционално ќе се одржат спортско-рекреативни игри со учество на општините Илинден, Кочани, Кисела Вода и Ѓорче Петров, а ќе се дели и „војничко гравче“ за сите присутни.
За заинтересираните за присуство на собирот ЈСП „Скопје“ обезбеди бесплатен превоз од центарот на селото Волково до Кучково.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.