Лекарите ги советуваат родителите чии деца не сакаат да пијат млеко, да им даваат да јадат сладолед на децата. Сладоледот има доволно количина калциум и протеин кои се потребни за нормален развој на децата кои не сакаат млеко.
Професорот од турскиот универзитет Ому Алијве Озеноглу тврди дека млечниот сладолед е многу корисен за развој на децата, посебно за оние кои не сакат млеко и млечни производи. Тој нагласува дека со умерено конзумирање може да се спречат и некои инфекции во усната празнина. Сладоледот е корисен и за постарите, бидејќи е богат со калциум и ги зацврстува коскените ткива.
Озеноглу уште вели дека при конзумација е препорачливо да се пие вода, а по јадењето да се одмие устата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.