Чинот на враќање на мандатите е дел од едно поопсежно сценарио осмислено во потесни кругови на СДСМ за дестабилизирање на РМ, и за внесување на политички елементи кои би требало да предизвикаат политичка криза во земјата, смета универзитетската професорка Татјана Каракамишева-Јовановска.
– Со години наназад главните аналитичари во СДСМ заговараат сценарија за поактивно учество на меѓународната заедница во политичкиот живот на државава, во својство на т.н. кризен менаџмент со цел туркање на власта на Никола Груевски, не преку избори, туку на други сомнителни начини, и инсталирање на претставници од опозицијата во владиниот менаџмент кој, според нивното мислење, треба да ја извади државата од демократското дно, вели Каракамишева-Јовановска.
Таа додава дека провидноста на сценариото е одамна очигледно, но она што загрижува е упорноста на некои луѓе во СДСМ да се опстане на истото до крај, без разлика на цената што Македонија и сите нејзини граѓани на крај ќе треба да ја плати.
-Да ја буткате сопствената држава во вештачка криза со цел да дојдете на власт, и да ја негирате волјата на половина милион луѓе кои гласале за коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е најблаго речено политичко предавство кое, без разлика каква е вашата вистина која ја пропагирате како државна вистина, мора, на крајот на целото ова сценарио да се гледа низ призмата на политичката, па и правната одговорност на нејзините извршители. Државата не е монета за поткусурување. Никој нема право, во име на државата, и на сметка на сите граѓани да билда сопствени политички мускули, а при тоа да не води елементарна грижа за штетата која ја нанесува и која ја предизвикува за сите граѓани, без исклучок, смета универзитетската професорка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Каракамишева со апел до Иванов: Претседателе, имаме милион аргументи на наша страна, искористете ги
-
Како Талат ја сфаќа парламентарната демократија?
-
Каракамишева: Пратеникот Талат Џафери очигледно ги измешал канцелариите
-
Каракамишева: Kако не им беше срам да молчат пред интонирањето на албанскатa химна во Собрание?