Екипите на ЈП „Улици и патишта“, по налог на Градот Скопје, деновиве ги изградија новите автобуска постојки на улица „Лука Геров“, кај спортската сала на ОУ „Тихомир Милошевски“ во нас. Ново Село, општина Ѓорче Петров.
Едната автобуска постојка е на површина од 175 квадратни метри, долга е 50 метри и широка 3,5 метри, а другата е на површина од 130 кавадратни метри, долга е 37 метри и широка 3,5 метри.
На двете постојки се изградени и тротоари во должина од 50 метри и 37 метри и широчина од 1,5 метри.
Во текот на денешниов ден екипи на ЈП „Улици и патишта“ на постојките ќе постават и сливници за одведување на атмосферските води.
За реализација на овој проект Градот Скопје од буџетот издвои околу 500 000 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.