Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) вчера имаше средба со министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски во Вашингтон.
За време на состанокот, ОМД ја повтори својата поддршка за Македонија во нејзиниот пат за евро-атланската интеграција и ја охрабри македонската влада да ги зајакне своите напори во странство за успешно добивање на покана за членство во НАТО на Самитот во Велс во септември оваа година.
-ОМД го пофали министерот Попоски за учество на конференцијата на Атлантскиот совет – Кон Европа, цела и слободна – во која беа вклучени говори од потпретседателот Џо Бајден, државниот секретар Џон Кери, и претседателот на Европската комисија Хозе Мануел Баросо, соопшти ОМД.
Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) силно ја охрабрува Македонија да ги преиспита своите стратегии за гласање на дијаспората, политиките и деловните практики со цел да генерира многу поширока поддршка од македонската дијаспора низ светот, особено во Австралија, како и во однос на квалитетот на парламентарна застапеност, легитимитетот и поврзувањето меѓу државата, пратениците од дијаспората и другите клучни чинители.
-Сегашниот модел за гласање на дијаспората привлекува само помалку од 1% од глобалната дијаспора. Тоа не значи и привлекување на најдобрите и најпаметните кандидати за високо чувствителната улога на пратениците од дијаспората чија задача е да се изградат односи со клучните чинители во Австралија и Македонија на парламентарно, на ниво на заедница, истражување и бизнис, рече директорот на ОМД за Австралија, Ордан Андреевски.
Македонија и нејзината дијаспора, заклучи Андреевски, заслужуваат подобро и може да постигне многу подобри резултати преку квалитетен демократски систем, комуникација и соработка врз основа на взаемна почит и стратешки партнерства.
-Обединети можеме да ја унапредиме македонската демократија и подобрување на одржливоста на македонската цивилизација и култура во светот”, истакна Андреевски.
На состанокот со македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски вчера во Вашингтон, ОМД побара од Министерството за надворешни работи да се отвори конзулати во Мајами, Лос Анџелес и во Перт и Сиднеј во Австралија, со оглед на големината на македонските заедници во овие градови. Покрај тоа, ОМД силно верува во подобрување на можностите за странски инвестиции, кои можат да бидат привлечени од овие локации во Македонија преку отворање на конзулати во овие градови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Метју Палмер во Сараево: Македонија може да стане членка на НАТО до средината на 2020 година
-
Брегу: Проширувањето на ЕУ и поврзувањето на Западен Балкан се поврзани процеси
-
Пендаровски: Од јануари очекувам да бидеме на иста маса со НАТО
-
Не се очекува земјите од Алијансата да распоредат ново нуклеарно оружје во Европа