Руската анексија на Крим и нејзиното очигледно манипулирање со немирите во источна Украина фундаментално ги променија односите НАТО-Русија, истакна заменикот генерален секретар на Алијансата, Александер Вершбоу.
– По две децении обиди да се изгради партнерство со Русија, НАТО денес е присилен Москва да ја третира повеќе како непријател отколку како партнер – изјави Вршбоу.
Според него, денес постојат две различни визии за тоа што би требало да биде европската безбедност – додека НАТО смета дека треба да се брани суверенитетот и слободата на руските соседи, Русија настојува „повторно да воспостави своја хегемонија“.
НАТО во април запре цивилна и воена соработка со Русија која сепак, ја задржа дипломатската мисија во НАТО воспоставена во 1998 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.