Три лица се повредени при вооружен грабеж на златарница во центарот на Струга кој се случил попладнево.
Според информациите, пет маскирани лица влегле во златарницата со намера да ја ограбат. При грабежот со истрел од огнено оружје ранет е сопственикот на златарницата, а уште две лица се здобиле со повреди од кундак.
Полицијата го потврди случајот и информира дека трага по напаѓачите.
Се уште не се знае што е украдено од златарницата. Повредените се згрижени во болницат и се во стабилна состојба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.