На социјалната мрежа „Фејсбук“ и „Јутјуб“ се појави снимка на која е прикажано како припадниците на профашистичкото украинско движење „Десен сектор“ бесат припадник на, како што се наведува, „украинската милиција“ на дрво.
Други детали поврзани за овој настан нема. Несреќникот се гушел и пружал отпор повеќе од една минута, а двајцата злостроници го држат и го вртат кон камерата за да се гледа пораката која му ја закачиле на врат, а која го карактеризира како предавник, кој е приврзаник на Москва. Со оглед на овој натпис, обесениот човек веројатно му припаѓа на руското малцинство или е приврзаник на федерализацијата.
Во коментарот се наведува дека нелегитимната власт во Украина, која не беше избрана, туку дојде на власт со помош на преврат, наголемо ги примаат припадниците на „Десниот сектор“ во украинската армија. Иако нелегитимна, власта ја ужива поддршката на ЕУ, САД и на НАТО, се наведува во текстот.
Освен домашните националисти и фашисти, голем дел од украинската војска ја сочинуваат и странски платеници ангажирани главно преку американски приватни воени компании, како што се „Блеквотер“, „Грејсон“, „Академи“ и други.
Знамето кое е прикажано на оваа снимка ѝ припаѓа на украинската бунтовничка армија, која за време на Втората светска војна тесно соработувала со Хитлерова Германија. Припадниците на оваа армија убиле 150.000 Евреи во Киев, а го направиле и стравичниот погром на Евреи во Лавов и останатите градови.
Припадниците на украинската војска не ги штеделе ниту воените заробеници на советската Црвена армија. Исто така, учествувале во погромот во Полска, каде што убиле 100.000 жени, деца и други невооружени цивили.
Во таква историја лежи причината што на некои тенкови на украинската армија деновиве отворено беше истакнат нацистичката свастика.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.