Нов голем културен скандал би можел да избие во Србија наскоро доколку Агенцијата за приватизација продаде околу 250 филмови, меѓу кои се култните „Славица“ од Вјекослав Африќ и „Собирачи на пердуви“ од Саша Петровиќ, чии продуцентски права ги има „Авала филм“. Токму продуцентските права би можеле да одат на продажба за да се подмири долгот од околу милион евра на доверителите на оваа фирма која е во стечај, што е сума која се споменуваше уште во времето кога стечајот беше прогласен пред неколку години.
Зошто културен скандал? Затоа што станува збор за култни филмови кои се снимени во оваа позната и некогаш многу позната филмска куќа од 1946 година.
Последни филмови што беа снимени во „Авала” се првиот дел на филмот „Ние не сме ангели” на Срђан Драгојевић и „Птици кои не летаат” на Петар Лаловић. Сите тие спаѓаат во културното богатство на Србија, а може да ги снајде судбина да ги купи било кој што би се појавил со „вреќа пари на рамо
Можноста за продажба на овие филмови и дел од имотот на „Авала филм“ е најавена овие денови во јавноста, иако оглас за понуда сеуште не е објавен на сајтот на Агенцијата како што е вообичаено кога се нуди имотот на некое претпријатие кое е во ликвидација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура



