Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека САД ги иницирале настаните во Украина.
– Тоа што се случува во Украина ни покажува кој од почетокот е вмешан, но Америка на почетокот избра да се држи по страна. Фактот дека сега Америка е во прв план во решавање на украинската криза зборува за тоа дека овој процес го воделе од самиот почеток., но дури сега се прикажуваат како лидери – истакна Путин.
Тој наведе дека интересите на САД и нивните европски партнери се поклопуваат бидејќи Европската унија сака договор со Украина за асоцијација „и тоа под услови за кои јас сметам дека за Украина се непрофитабилни“.
– Претходната власт во Киев се обидуваше да се спротистави на тоа, но Западот имаше поинаков план кој вклучуваше воено сценарио, неуставно вооружено преземање на власта, потенцира Путин.
Тој додаде дека иницијаторите на случувањата во Украина не можеле да предвидат во кој правец ќе се движат настаните.
– Иако многумина во Украина ја поддржуваат смената на власта, сепак на многу луѓе тоа не им се допаѓа и не се согласни со начинот со кој дојде до смена. Во тоа нема ништо демократско – посочи Путин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.