| четврток, 6 декември 2018 |

Неисчешлани афоризми од Станислав Лец на македонски

Stanislaw-Lec-Quotes-1

Издавачката куќа „Феникс“ ја објави книгата со афоризми „Неисчешлани мисли“ од познатиот полски и автски писател Станислав Јержи Лец (1909-1966). На македонски јазик е публикуван избор од најдобрите мисли на знаменитиот хуморист и сатиричар Лец, кои се одликуваат со острина, луцидност и духовитост и не случајно се цитираат ширум светот.

Кога само со еден збор би го окарактеризирале неговото творештво и животот најсоодветен збор би бил-лапидарност. Беше мајстор за краткост, почнувајќи од неговтото презиме, па се до начинот на изразување.

Ако по првото читање на напишаната мисла ви се пристори едноставна, прочитајте ја по втор пат и ќе го забележите и второт и третото ниво. Лец на помалку саркастичен начин не предупредува да не ја бараме длабочината таму каде што ја нема, или што за него е типично, тој самиот да не ја презема одговорноста за интерпретацијата на своите мисли.

Лец е автор кој многу бара. Неговата игра со зборови понекогаш од читателот бара ерудиција. Лапидарноста на афоризмите на Лец честопати се сведува на мислата на еден збор, чија длабочина мораме да ја побараме во околностите во кои е создадена.Привидната едноставност е само привидност за повеќеслојноста на асоцијациите.

Неговите мисли навирале и така се запишувани, па во книгата се (с)оставени како што ги замислил и оставил авторот-„неисчешлани“, а тој збор во себе крие бројни значења.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top