| четврток, 6 декември 2018 |

Џибони ограбен во Амстердам: „Ни украдоа се што нашле“

Хрватскиот музичар Џибони доживеал непријатно искуство, за време на неговата турнеја во Амстердам тој бил ограбен.

– Тоа беше за добродојде. Штом стигнавме во Амстердам не ограбија. Отидовме да јадеме, а за тоа време ни провалија во автомобилот, иако секаде низ градот има безбедносни камери. Крадците ги имаа развиено своите техники. Ни украдоа се што нашле, а ни оставиле само една торба, вели пејачот за „Слободна Далмација“.

Популарниот Џибони моментално има успешна турнеја низ Европа каде пее на англиски јазик.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top