| четврток, 6 декември 2018 |

Повеќе од пијалак – коктелот како стил на живот

Аперитиви со малку повеќе алкохол и коктели за по јадење, карактеристични по слаткиот вкус, акробатски жонглирања со шишињата алкохол, креации на македонските бармени, техника, дисциплина, стручност. Ова е само дел од сето тоа што денес ќе се случува на седмото по ред државно првенство на бармени на Македонија во хотелот „Стоун бриџ“ во Скопје.

Преку триесет бармени од целата земја ќе учествуваат и ќе се претстават во две категории: класична подготовка на коктели и флертендинг.

Првата категорија подразбира претставување на натпреварувачите со свои авторски коктели, чијашто техника на приготвување, изглед, вкус и арома ќе бидат оценети од стручна комисија составена од претставници од земјава и од странство.

Во втората категорија, учесниците, исто така, ќе се претстават со свој авторски коктел кој ќе го приготвуваат со акробациски  движења и елементи на жонглирање со барската опрема.

Натпреварувачите ќе започнат со квалификации каде секој се претставува со својот коктел и се борат за пласман за во финалето кадешто има место само за 12 учесници. Во финалната фаза повторно се претставуваат пред изменет судиски состав за најпрестижното прво место.

kokteli

Оваа година најдобрите ќе ја претставуваат Р.Македонија и ЗБМ на Светското првенство на бармени  кое ќе се одржи во Кејптаун, ЈАР. Покрај дружењето и познанствата, тие се стекнуваат и со знаење на семинарите кои ги водат едни од најеминентните имиња во професијата. Целиот тим заедно со напреварувачите ќе бидат сместени седум дена во ексклузивниот „Кулинан хотел“ (The Cullinan Hotel). За претставниците ова претставува одлична можност да се запознаат со нови техники, комбинации и декорации а во исто време да ги пренесат нивните. Покрај патувањето и сместувањто на Светското првенство во Кејптаун, ЈАР кое го обезбедуваат ЗБМ и спонзорите, за најдобрите во двете категории, односно за угостителските локали во кои работат професионалните бармени, официјалниот софтверски партнер на 7. Државно првенство, Акцент Компјутери и Синерџи ќе им додели лиценца за користење на софистициран софтверски пакет за угостителско работење – EASY POS, кој со својата едноставност и практичност ќе им го олесни работењето на бармените и менаџерите на локалите.

Od levo kon desnno Аристотелис Пападопу лос - победникот на првиот Diageo Reser ve World Class i Дарко Ангелески - претс едател на здружение на бармени н а рм

Во рамките на Државното првенство во Скопје, ќе се одржии едукативен семинар за учесниците, а темата е вискито (Whiskey master class) на кој имаме чест предавачите да бидат токму победникот на првиот „Диагео ризрв врлд клас“ (Diageo Reserve World Class), Аристотелис Пападопулос и Никос Арсланоглу, учесник на „Диагео ризрв врлд клас“, како и судија на многубројни натпревари. Целта на семинарот е да се едуцираат натпреварувачите за вискито воопшто, како и да се разбијат табуата дека вискито се пие само чисто.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top