| четврток, 6 декември 2018 |

Ле Пен: Да се спречи ширењето на „советската Европска унија“

Лидерката на француската десничарска партија Национален фронт Марин ле Пен вчера повика на усвојување нов договор за имиграција и го критикуваше проширувањето на „советската Европска унија“.

-Жестоко се залагав Европа да го укине Шенгенскиот договор и да се подготви за враќање на националните валути, рекла ле Пен. Таа потенцирала дека е потребно Франција повторно да ја врати својата сила која ја изгубила поради Европската унија.

Овие ставови ле Пен ги изложила во нејзиниот говор пред стотина студенти на универзитетот Кембриџ, а нејзината посета била проследена со протест пред универзитетот на кој демонстрантите ја обвинувале за нејзините фашистички ставови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top