| четврток, 6 декември 2018 |

Која е тајната на младешкиот изглед на Аница Добра – има 50 години и изгледа фантастично

аница добра

Српската актерка Аница Добра има 50 години и уште изгледа одлично. Таа ги одушеви присутните со својот младешки изглед на претставата „Мизери“.

Аница Добра зад себе има богата кариера во српската и во германската кинематографија. Аница Добра има речиси 80 улоги на телевизија и на филм што ѝ донесоа статус на ѕвезда, иако таа никогашне го сакала тој статус.

Со имиџот на русоскоса со став, создаде нова ера играјќи во култните филмови „Веќе видено“, „Собирен центар“, „Балкан експрес“, „Како пропадна рокенролот“ и „Црн бомбардер“.

Поради комбинацијата балкански темперамент и ариевска убавина, таа од почетокот на кариерата ја носи титулата  фатална жена, а нејзиниот приватен живот е надвор од сите скандали.

Има 50 години и по мислењето на многумина, изгледа одлично.

– Одамна го правам тоа што ми одговара и тоа е тоа – изјави Аница Добра.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top