Група млади уметници деновиве активно го подготвуваа теренот за новиот простор „Ку Ла“, кој ќе служи како нов независен културен центар, место за креативност и уметност, a кој ќе се самофинансира. Овие млади луѓе го расчистуваа и уредуваа просторот на поранешната кафеана „Градска кула“ во центарот на Скопје, а првиот настан таму беше изложба на Ертунч Сали. Групата постои поодамна, и има организирано низа настани кои се важни за културното живеење на градот, како изложби, концерти, разни акции.
На „Фејсбук“ профилот на „Ку-Ла“ има и текст, кој ја објаснува појдовната точка на иницијативата на овие млади луѓе:
„Таму долу, на земјата владеат луѓе со ниски страсти, ниски вредности, ниски идеали. И сакаат да ни го затрујат мозокот со турбофолк, поп-култура и материјални вредности… Копавме по тој отпад на човековата креативност и спасувавме сè што можеме за да почнеме да ја градиме кулата со надеж дека ќе стигнеме доволно високо да подишеме чист воздух…“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


