| четврток, 6 декември 2018 |

Арсенал сѐ поблиску до Лигата на шампиони

Во последниот натпревар од 36. коло, фудбалерите на Арсенал славеа над Њукасл со 3-0.

Со новите три бода, Арсенал на две кола пред крајот е сѐ поблиску до четвртата позиција и нов пласман во квалификациите за Лига на шампиони.

Домаќините во 26. минута дојдоа до водство преку Лорен Кошчиелни, кој ја погоди мрежата по одлично изведениот корнер од Санти Казорла.

Германскиот репрезентативец Месут Озил во 42. минута го зголеми водството на 2-0. Во 66. минута фудбалерите на Арсенал ги решија дилемите околу победникот, Озил го пронајде Жиру кој го постави конечниот резулат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top