| четврток, 6 декември 2018 |

„Северна Македонија“ не е прифатливо име за Бугарија

 

Бугарија не е соучесник на Грција во блокирањето за ЕУ изјави во Софија европратеникот Андреј Ковачев од редовите на партијата на бугарскиот премиер Бојко Борисов.

“Никогаш не сме биле соучесници на Грција во блокадата кон Македонија“ изјавил Ковачев за одлуката на владата во Софија во декември на јавната дебата на тема „ Македонија и западниот балкан – европски перспективи и ризици“ одржана на Софискиот Универзитет .

„Бугарија само сакаше да објасни каков проблем имаме со Македонија со дискриминацијата на бугарските граѓани и манипулацијата со историјата“,  изјави Ковачев според кого одлуката за блокада на Македонија не ја донесла Бугарија туку сите 27 земји членки на ЕУ кои ја одложиле одлуката за доделување датум за преговори за 6 месеци.

Во врска со името Македонија Ковачев потсетил на изјавата на премиерот Борисов според која дури и ако Грција и Македонија се договорат за името Северна Македонија тоа не е прифатливо за Македонија.

„ Од средниот век се до првата половина на 20тиот век Македонија и словенското население во неа се сметаат за дел од Бугарската нација не само од Бугарија туку од сите соседи и меѓународната заедница “, тврди Ковачев кој додава дека тоа е причината зошто од 1878 до 1944 Бугарија водела 5 војни на сите бугарски територии вклучително и во Македонија.

Пред неколку години и поранешниот претседател на источниот сосед Прванов изјави дека секоја варијанта на решението што ќе ја вклучува географската одредница Северна ќе биде неприфатливо за Бугарија затоа што тоа може да биде причина за територијални претензии на Македонија за региони кои што се наоѓаат во Бугарија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top