Драган Павловиќ од српската општина Гража рачно изработил автомобил кој што во Монте Карло го продал за 230 илјади евра. Сега има нарачки за уште две возила. Изработката на овој автомобил траела 8 години. Автомобилот се вика „Фабер“ што значи ковач, заради дедото во чија што работилница е создаден автомобилот. Изработен е од полиестер и прохром, таблата со инаструменти е дрвена, седиштата се кожни, а кровниот дел е подвижен. Освен изгледот, автомобилот изгледа моќен и под хаубата. Со Мишелин гуми, достигнува брзина до 230 километри на час, а забрзува до 100 за 8 секунди. Се е рачно изработено освен моторот- тој е позајмен од Мерцедес, ц класа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.