| четврток, 6 декември 2018 |

НАТО бара нов врховен командант, Џон Ален се пензионира

Американскиот генерал Џон Ален, кој од претседателот Барак Обама беше номиниран да ја преземе должноста врховен командант на НАТО, се откажа од номинацијата и ќе се пензионира „заради болест во семејството“

-Денеска го сретнав генералот Ален и го прифатив неговото барање на пензионирање од армијата, наведе претседателот Обама во посебна изјава. Тој го пофали Ален за неговата служба како командант на меѓународните сили во Авганистан во изминатите 19 месеци. Џон Ален е еден од најдобрите американски лидери, вистински патриот, и човек кому сакам да му искажам огромна почит, наведе Обама. „Нему и на неговото семејство им посакувам се најдобро откако ќе го почнат новото поглавје во животот, и ние ќе се погрижиме да ја следиме исклучителната работа на генералот Ален во Авганистан“.

Генерал Ален лани беше номиниран да ја преземе новата должност. Меѓутоа, неговата кандидатура со недели беше одложувана за време на истрагата за наводно прекршување на офицерскиот код во секс скандалот заради кој од функцијата си замина поранешниот директор на ЦИА Дејвид Петреус. Пентагот минатиот месец го исчисти името на генералот Ален од секакво сомнение, по што Белата куќа соопшти дека ќе следи номинација за нов врховен командант на НАТО.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top