Партијата ДОМ оценува дека денешните избори минаа во фер и демократска атмосфера.
– Ова го кажуваме врз основа на сите податоци што ги добивме од терен и од медиумите, пред сѐ од изјавите на набљудувачите. Сметаме дека токму вакви избори ѝ требаат на Македонија во еден европски манир, мирно демократски да може секој да ја изрази својата волја – изјави вечерва на прес-конференција претседателката на ДОМ, Лилјана Поповска.
Она што е важно, според неа, е дека резултатите, какви и да бидат, за кого поволни, за кого помалку поволни, сите ние како политички субјекти треба да ги прифатиме зашто секако тие ќе бидат израз на волјата на граѓаните.
– Она што е важно за Македонија сега е на еден мирен и демократски начин да се формира влада којашто ќе се зафати со работите што стојат пред Македонија, на внатрешен план, меѓутоа и на надворешен план во поглед на евроатлантските интеграции – изјави Поповска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



