Крунскиот сведок во случајот против поранешната украинска премерка Јулија Тимошенко, украинскиот тајкун Андрија Едуардович Задрожни, е во осјечкиот затвор. Според Јутарњи лист тој таму се наоѓа веќе половина година. Андрија Едуардович Задрожни, кој инаку е сопственик на синџир ресторани во Украина, украинската тајна служба го бара зашто смета дека може да сведочи за вмешаноста на Тимошенко во кражбата на милиони од државната банка Родовид.
Задрожни, кој од 2010 година е во бегство, во Хрватска е уапсен врз основа на меѓународна потерница од украинскиот Интерпол. Во Украина е обвинет за невратен кредит од банката Родовид. Тимошенко е во затвор од 2011 година. Обвинета е за склопување штетни договори за трговија со природен гас, а против неа покренато е и обвинение за убиство на Евгениј Шчербан во 1996 година, најбогатиот Украинец во тоа време.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.