За времето на викендов во Битола е извршена тешка кражба во куќа во Битола од која биле украдени 25 златници, 1.350 евра и 2.000 денари. Куќата е во сопственост на 49-годишниот Т.М.
Според полицијата, крадецот со алат го скршил цилиндарот од влезната врата и откако не успеал да ја отвори се упатил кон визбата, влегол во куќата и по извршено пребарување го украл накитот и парите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.