| четврток, 6 декември 2018 |

Лавров од Кери бара Киев да ја прекине воената операција

Украина мора да ја прекине воената операција во југоисточниот дел од земјата и тоа е еден од начините да се ублажи кризата, му рекол рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на американскиот државен секретар Џон Кери во текот на телефонскиот разговор, соопшти руското министерство за надворешни работи.

Во телефонскиот разговор меѓу шефот на руската дипломатија и американскиот колега, Лавров уште еднаш ги повикал САД да го искористат своето влијание за да го осигурат ослободувањето на челниците на протесното движење, како што Москва ги нарекува проруските демонстранти коишто бараат уставни реформи за федерализација на Украина и формираа свои ткн народни милиции за самоодбрана и по примерот на прозападните демонстранти во Кеив од протестите во февруари и март ги заземаа објектите на регионалните и владините институции, додека украинските власти и Западот ги нарекуваат сепаратисти.

Во соопштението на руската дипломатија се наведува и дека Кери со Лавров разговарал за начинот на решавањето на проблемот со заробените набљудувачи од Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), меѓу кои и петмина припадници на украинските вооружени сили. Москва претходно соопшти дека ќе се ангажира во нивното ослободување и тврди дека „јавните структури” коишто ги имаат под контрола југоисточните области на Украина не биле точно информирани за планот на бвоените набљудувачи на ОБСЕ да влезат во Славјанск во кој целосната контрола ја имаа проруските милиции а е опсаден од украинската војска и се очекува нејзин напад, пренесува „Ројтерс“.

Вооружените проруски активисти коишто не ја признаваат прозападната власт во Киев во петокот задржаа автобус со набљудувачите на ОБСЕ, сметајќи ги за шпиони на НАТО. Тие изјавија дека ќе ги разменат за нивните активисти коишто украинските власти ги држат затворени во Кеив и градовите во западна Украина, додека киевската влада ги обвинува дека ги држат набљудувачите како жив штит, што според руските медиуми е потврда дека се подготвува напад врз Славјанск.

Од ОБСЕ во саботата одлучија да испратат нови набљудувачи коишто е бараат ослободување на заробените во Славјанск. Затворените набљудувачи се од Германија, Шведска, Данска, Полска и Чешка.

Германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер изјави во саботата дека Лавров во телефонскиот разговор му ја понудил помошта на Москва во ослободувањето на набљудувачите. Во саботата ослободување на набљудувачите побараа Франција, Полска и Чешка, пренесува AFP.
Меѓутоа, водачот на проруските активисти изјави дека руските власти не стапиле во контакт со него за ослободување на набљудувачите на ОБСЕ: Според него, еден од набљудувачите имал шеќерна болат, но неговата ситуација не е загрижувачка и достапни му се неопходните лекарства.

Руската дипломатија објави дека соработува во решавање на кризата, но истовремено го обвини и Киев дека не се грижел за безбедноста на мисијата на ОБСЕ „во областите во кои властите не ја контролираат ситуацијата и во кои се спроведува воена операција против сопствените граѓани”, пренесе РИА Новости.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top