| четврток, 6 декември 2018 |

Пентагон: Руски авиони навлегоа во воздушниот простор на Украина

авион 2

Руски воени авиони во изминатите 24 часа повеќе пати го нарушија украинскиот воздушен простор, изјави портпаролот на Пентагон, полковник Стивен Ворен.

– Можам да потврдам дека неколку пати во последните 24 часа руски авиони навлегоа во воздушниот простор на Украина – посочи полковник Ворен.

Тој не наведе детали каде се случиле инцидентите ниту за кој тип на руски авиони станува збор.

Ворен ја повика Русија „веднаш да преземе чекори за деескалација на ситуацијата“.

Нарушувањето на украинскиот воздушен простор се случува во моментот на засилени руски воени вежби долж украинската граница.

Во меѓувреме, Русија ја повика Украина да ги прекине воените операции во источниот дел на земјата, да ги повлече воените сили и да отпочне примена на Женевскиот договор

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top