Авион на норвешката воздухопловна компанија Norwegian Air на линијата Копенхаген-Осло беше принуден да слета во петокот попладне во шведскиот град Гетеборг откако еден патник јавил дека во авионот е поставена бомба, објави шведската полиција.
-Патникот тврдеше дека подметнал бомба во делот наменет за багаж – наведе гетеборшката полиција во соопштение.
Авионот од типот Боинг 737 бил безбедно евакуиран, а полициските техничари го прегледале авионот.
Лицето кое се закани со бомба приведено е во полиција. Со авионот летале 94 патници и никој од нив не е повреден
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



