| четврток, 6 декември 2018 |

Педофилски скандал: Професор 42 години дрогирал и силувал малолетни ученици!

педофил

САД, Велика Британија, но и бројни други држави се најдоа во центарот на нов педофилски скандал чиј главен актер е Вилијам Вехи, инаку татко на две деца. Тој е обвинет дека во период од 42 години сексуално злоставувал најмалку 20 деца на возраст од 12 до 14 години, а откриено е дека прво ги дрогирал, а потоа чекал да се онесвестат, по што сексуално ги злоставувал.

Како предавач се појавувал во Англија, Шпанија, Грција, Саудиска Арабија, Индонезија, Иран и Либан.
Раката на правдата, професорот го стигнала во Никарагва, поточно на американскиот колеџ во Манагва каде е пронајдено негово USB полно со фотографии од голи деца.
USB меморијата ја украла чистачката на универзитетот, а шокантната содржина ја забележала дури по неколку месеци.
Таа, сите фотографии ги предала на полицијата, а целиот случај го презеде ФБИ, а Вехи признал дека злоставувал деца, на кои им давал таблети за да ги онесвести, но тврдел дека и тој е жртва.
– Како дете бев злоставуван, затоа го правам сето ова. Го правам тоа откако знам за себе – им рекол наводно на истражувачите.
Два дена по признанието професорот е најден мртов во мотел во градот Лувернеу во Минесота, а полицајците соопштија дека се работи за самоубиство

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top