| четврток, 6 декември 2018 |

Веибо груп во Македонија ќе вработи 5.000 лица

veibo

Веибо груп со седиште во Кина, објави одлука дека ќе гради најголемата европска интегрирана  текстилна фабрика на 40 хектари, со извоз 600-800 милиони долари за првите 5 години.

Веибо груп има вработено 14.000 лица, а во Македонија ќе вработи 5.000 граѓани.

Освен директните вработувања, се очекува да има уште 2.000 индиректно отворени работни места

Претседателот на управниот одбор на Веибо груп, Алперин Селџук посочи дека нивните клиенти се многу познати светски брендови со кои отсега и Република Македонија ќе има соработка.

-Нашата главна цел е брзо производство на овие брендови во Македонија и нивна достава до светските пазари. Македонија како бизнис дестинација ја истражувавме две години, направивме споредби со другите земји и донесовме одлука, откако увидовме дека овде има квалификувана работна сила и пазар кој добро го познава текстилот – истакна Селџук.

Претставникот истакна дека одличните односи меѓу владите на Македонија и Турција, исто така е една од причините поради која донеле одлука да инвестираат во Македонија.

-Инвестицијата во голем дел ќе ја намали невработеноста во Македонија, но ќе се подобри и состојбата во фирмите со кои ќе соработуваме. За пет години очекуваме извоз од 600 до 800 милиони долари – рече тој.

Селџук им се заблагодари на претставниците од македонската влада, на Груевски за лидерството и поддршката, на Пешевски за искрениот пристап и на Ставрески за учеството во преговорите.

Вицепремиерот Владимир Пешевски истакна дека инвестицијата е од огромно значење бидејќи освен 5.000 најавени вработувања ќе иницира уште 2.000 индиректни вработувања.

-Од втората половина на година ќе започне градбата на повеќе фабрики, а до година се очекува и првиот извоз. Во првата фаза инвеститорот вложува 180 милиони долари, а целата инвестиција изнесува 400 милиони долари. Од Македонија ќе се извезува на пазарите во речиси сите развиени земји, меѓу кои САД и Франција – истакна Пешевски.

Вицепремиерот додаде дека освен што оваа инвестиција ќе има директен ефект врз текстилната индустрија во Македонија, ќе влијае и на зголемување на платите и вредноста на трудот на македонскиот работник ќе се зголемува

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top