| четврток, 6 декември 2018 |

Грчката влада заложник на екстремни националисти

Вли­ја­тел­ни европ­ски, но и грч­ки јав­ни лич­но­сти пре­ду­пре­ду­ва­ат де­ка вла­да­та на Са­ма­рас е за­лож­ник на крај­но дес­ни­чар­ски еле­мен­ти, кои ни­ко­гаш не­ма да доз­во­лат раз­у­мот да надв­ла­дее и во ре­ша­ва­ње­то на спо­рот за Ки­пар, и во од­но­си­те со Ма­ке­до­ни­ја, но и во фор­ми­ра­ње­то гра­ѓан­ска европ­ска свест, ко­ја тре­ба да ја из­ва­ди Гр­ци­ја од кан­џи­те на на­ци­о­на­лиз­мот ка­ра­кте­ри­сти­чен за 19 век. Кои се, всуш­ност, лу­ѓе­то што вли­ја­ат на Са­ма­рас и со тоа го има­ат глав­ни­от збор при спро­ве­ду­ва­ње на вна­треш­на­та и на над­во­реш­на­та по­ли­ти­ка на член­ка­та на ЕУ и на НА­ТО? Вли­ја­тел­ни­от грч­ки ле­ви­чар­ски вес­ник „Еле­фте­ро­ти­пи­ја“ пра­ви ана­ли­за на најв­ли­ја­тел­ни­те лу­ѓе око­лу грч­ки­от пре­ми­ер

Svet85-1

Не само во ПАСОК и во СИРИЗА, туку и во Нова демократија, каде што расте презирот кон одредени личности што премиерот ги избрал во своето опкружување, се зборува дека земјата ја управуваат пријатели на премиерот Андонис Самарас од екстремната десница.

Пропаднаа обидите на кабинетот на премиерот да ги претстави заткулисните преговори меѓу Такис Балтакос и Златна зора како еден вид лична иницијатива на партијата на поранешниот секретар на кабинетот бидејќи е општо познато дека во Владата има екстремни десничарски струи.

Освен Балтакос, има и други екстремни десничарски елементи во опкружувањето на Самарас, како Хрисантос Лазаридис, Фаилос Кранидиотис, Макис Воридис и Адонис Јоргијадис, а Јоргос Мурутис е на чело на Одделот за комуникации на премиерот.

Сите овие имаат заедничка карактеристика, го немаат педигрето на Нова демократија. Некои од нив се лични пријатели на Самарас од деновите кога беше лидер на Политичка пролет (десничарска партија, која тој ја основаше во 1993 година, откако Нова демократија го разреши од функцијата министер за надворешни работи поради неговиот закоравен став за проблемот за името на Македонија). Другите беа дел од „Мрежа 21“, националистичка организација основана во 1997 година.

Друга ваква група потекна од десничарската популистичка партија Народен православен собир (ЛАОС).

Поради ова, овие личности постојано се цел на централистичката Нова демократија и на ПАСОК. Барем досега, желбата за моќ успева да го притаи немирот од десничарските екстремис­ти на Самарас.

 

Svet85-2

Хрисантос Лазаридис

Хрисантос Лазаридис, советник на премиерот и пратеник, не се смета за толку екстремен десничар колку другите, но е опседнат со левицата, исто како и Самарас. Се верува дека тој ја измисли верзијата на Нова демократија за теоријата за две екстреми, која ја искористи по убиството на Павлос Фисас од страна на поддржувач на Златна зора во септември 2013 година за да се обиде да ја претстави СИРИЗА како партија надвор од уставните рамки. Ова предизвика критики од страна на централата на Нова демократија, во која е и поранешниот владин портпарол Евангелос Антонарос и поранешниот министер за внатрешни работи Прокопис Павлопулос.

Лазаридис е роден во 1954 година во Њујорк и од млада возраст бил вмешан во левицата. Бил уапсен за време на воената хунта за вмешаност во Политехничкото востание, бил мачен и останал во затвор сè до падот на власта. По повторното воспоставување на демократскиот режим, станал член на грчката Комунистичка партија (Внатрешна) и бил заменик-претседател на Националниот студентски сојуз на Грција (Effe), на чело со Христос Папутис, кој подоцна станал министер од ПАСОК.

За време на постдипломските студии во Лондон и во Њујорк, тој бил под влијание на идеите на Роналд Реган и на Маргарет Тачер. Со Самарас се поврзува преку „Мрежа 21“, неславната националистичко-патриотска организација, во која членуваат тој и Фаилос Кранидиотис.

 

Svet85-3

Фаилос Кранидиотис

Адвокатот во Грција на курдскиот бунтовнички лидер Абдула Оџалан, кој беше уапсен од припадниците на турските тајни служби во Најроби, Кенија, во тогашните дипломатски простории на грчката амбасада во 1999 година, исто како Лазаридис, го запознал Самарас преку „Мрежа 21“, чиешто основање во 1997 година тогашниот премиер го опишува како монументален настан.

Оваа организација имала за цел да го разбуди патриотизмот кај Грците, под влијание на грчкото христијанство.

Во 2005 година претставници од „Мрежа“ пишувале колумни критикувајќи го тогашниот претседател на Нова демократија, Костас Караманлис, откако дал изјава за смртта на Харилаос Флоракис, водачот на Комунистичката партија од 1972 година до 1989 година. Тие, исто така, повикувале да се врати престижот на војската и на полицијата.

Кранидиотис, покрај тоа што е близок пријател со Самарас, како што изјави самиот,е избран и за член на Централниот комитет на Нова демократија, највисокото тело на партијата, на партиската конференција минатиот јуни, по многу неуспешни обиди и покрај неговата привилегирана позиција во кругот на Самарас.

По убиството на Павлос Фисас во септември 2013 година, за кое е обвинет припадник на Златна зора, Кранидиотис тврдел дека главниот проблем е левичарското насилство. И покрај официјалните ставови на Владата против Златна зора, во октомври тој инсистирал дека нема да ги осудува „националистите и патриотите“, туку ќе го зачува „оружјето“ за вистинскиот непријател. Токму поради тој коментар, партискиот секретар го повика во седиштето на Нова демократија да даде објаснување.

По острото спротивставување во Нова демократија, Кранидиотис во понеделникот објави дека нема да биде кандидат на Нова демократија за европските парламентарни избори закажани за мај оваа година.

 

Svet85-5

Адонис Јоргијадис

Министерот за здравство е посебна тема. Од продавач на националистички и анти-семитистички книги на телевизија, станал издавач на списанијата „Грчка историја“ и „Грчко образование“, а во 2007 година бил избран во ЛАОС и, како и Воридис, прво станал министер во владата на Пападемос и се приклучил кон Нова демократија откако бил исфрлен од ЛАОС за гласањето за вториот меморандум.

По последната реконструкција на кабинетот, станал министер за здравство, каде што со огромен ентузијазам ја спроведува политиката на „Тројката“.

Балтакос, поранешниот секретар на кабинетот, се прогласил за „антикомунист“, додека, пак, Јоргијадис изјавил во Парламентот дека ги мрази комунистите.

 

Svet85-4

Макис Воридис

Вратата на резиденцијата Максимос, службеното седиште на премиерот, е секогаш отворена за Макис Воридис, и тоа не само поради неговиот статус претставник на парламентарната група на Нова демократија. Поранешниот пратеник на Народниот православен собир (ЛАОС) ѝ се придружил на Нова демократија во 2012 година и станал еден од најблиските соработници на Самарас.

Но, пред 30 години, Воридис бил дел од Националниот политички сојуз (ЕПЕН), десничарска политичка партија предводена од поранешниот лидер на воената хунта, Јоргос Пападопулос, кој го назначил Воридис за лидер на младината, наследувајќи го Никос Микалолијакос, сегашниот лидер на Златна зора. На една фотографија од 1985 година може да се види како Воридис ги избркал левичарските соученици со секира во раката, како дел од патролите околу правното училиште во Атина.

Подоцна, Воридис заминал во Хеленистички фронт, екстремна десничарска партија, која ја водел, а во 2005 година пpеминал во ЛАОС. Во ноември 2011 година бил назначен за министер за транспорт во владата на Лукас Пападемос. ЛАОС го избркал во февруари оваа година, откако гласал за вториот меморандум.

И покрај левичарската историја, Воридис бил меѓу функционерите што по убиството на Фисас барал да се поништи Златна зора. На состанокот во кабинетот на премиерот, утрото на 28 септември 2013 година, денот кога лидерите на Златна зора беа уапсени, тој рекол дека убиството значи дека неонацистичката партија не ѝ е потребна на владата.

 

(Извор: „Елефтеротипија“
Текст објавен во 85. број на неделникот „Република“, 18.04.2014)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top