Приказната за Зоран Заев за подобро информираната политичка јавност почнува во 2003 година кога станува пратеник на СДСМ во македонското собрание. Дипломираниот економист на скопскиот Економски факултет и несудениот магистер по монетарна економија и финансии останува пратеник до 2005 година кога првпат станува градоначалник на Струмица. Во својата кариера никогаш не стана познат по проекти и идеи поврзани со монетарната економија и финансиите, но затоа во својот роден град во своите дваесетти години вршел неколку функции. Член на СДСМ е од 1996 година, по што бил директор на фирмата „Тргопродукт“, член на Управен одбор на штедилницата „Пеон“, бил член на Управен одбор на семејната фирма „ИГМ – Еленица“ и претседател на Управен одбор на јавното претпријатие „Комуналец“ во Струмица.
На широката јавност Зоран Заев ѝ станува познат на 17 јули 2008 година кога заедно со уште петмина соработници е уапсен поради злоупотреба на службената положба во врска со изградбата на трговскиот центар „Глобал“ во Струмица.
Случајот заврши со аболицијата потпишана од страна на тогашниот претседател Бранко Црвенковски. Со одлуката на претседателот, кој, во согласност со тогашните законски можности кои му даваа дискреционо право, ги ослободи Зоран Заев и неговите соработници, обвинувањата против него никогаш не доживеаја судска разврска, а дилемата дали Заев го прекршил законот засекогаш остана да лебди во воздухот.
Во септември истата година, кога беше уапсен за случајот „Глобал“, Зоран Заев стана вршител на должноста претседател на СДСМ или, како што го нарече опозицијата, чувар на фотелјата на Бранко Црвенковски додека тој е претседател на државата. Веднаш по прекинот на функцијата на Црвенковски, Заев си оди од партиската позиција и станува потпретседател. Во 2009 година вторпат победува во трката за градоначалник на Струмица.
По повлекувањето на Црвенковски од партијата, на конгресот на СДСМ во мај 2013 година Заев добива најмногу гласови и конечно станува претседател на најголемата опозициска партија. Од тогаш, па до денес Зоран Заев води две паралелни битки, со оглед на неговите познати вербални испади, тој мака мачи да докаже пред целата јавност дека е разумен политичар и паралелно со тоа да ги убеди своите сопартијци дека е вистинскиот избор за лидер на некогаш моќната партија. Во тие обиди 42- годишниот политичар неретко оди предалеку, со што не само што прави штета за својот имиџ туку и предизвикува сериозни поделби во интелектуалните кругови блиски на СДСМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст