| четврток, 6 декември 2018 |

Зошто Заев не може да биде премиер?

zaev naslovna

При­каз­на­та за Зо­ран За­ев за по­до­бро ин­фор­ми­ра­на­та по­ли­тич­ка јав­ност поч­ну­ва во 2003 го­ди­на ко­га ста­ну­ва пра­те­ник на СДСМ во ма­ке­дон­ско­то со­бра­ние. Дип­ло­ми­ра­ни­от еко­но­мист на скоп­ски­от Еко­ном­ски фа­кул­тет и не­су­де­ни­от ма­ги­стер по мо­не­тар­на еко­но­ми­ја и фи­нан­сии оста­ну­ва пра­те­ник до 2005 го­ди­на ко­га прв­пат ста­ну­ва гра­до­на­чал­ник на Стру­ми­ца. Во сво­ја­та ка­ри­е­ра ни­ко­гаш не ста­на поз­нат по про­е­кти и идеи по­вр­за­ни со мо­не­тар­на­та еко­но­ми­ја и фи­нан­си­и­те, но за­тоа во сво­јот ро­ден град во сво­и­те два­е­сет­ти го­ди­ни вр­шел не­кол­ку функ­ции. Член на СДСМ е од 1996 го­ди­на, по што бил ди­ре­ктор на фир­ма­та „Тр­го­про­дукт“, член на Упра­вен од­бор на ште­дил­ни­ца­та „Пе­он“, бил член на Упра­вен од­бор на се­меј­на­та фир­ма „ИГМ – Еле­ни­ца“ и пре­тсе­да­тел на Упра­вен од­бор на јав­но­то прет­при­ја­тие „Ко­му­на­лец“ во Стру­ми­ца.

На ши­ро­ка­та јав­ност Зо­ран За­ев ѝ ста­ну­ва поз­нат на 17 ју­ли 2008 го­ди­на ко­га за­ед­но со уште пет­ми­на со­ра­бот­ни­ци е уап­сен по­ра­ди зло­у­по­тре­ба на служ­бе­на­та по­лож­ба во вр­ска со из­град­ба­та на тр­гов­ски­от цен­тар „Гло­бал“ во Стру­ми­ца.

Слу­ча­јот за­вр­ши со або­ли­ци­ја­та пот­пи­ша­на од стра­на на то­гаш­ни­от пре­тсе­да­тел Бран­ко Цр­вен­ков­ски. Со од­лу­ка­та на пре­тсе­да­те­лот, кој, во сог­лас­ност со то­гаш­ни­те за­кон­ски мож­но­сти кои му да­ваа ди­скре­ци­о­но пра­во, ги ос­ло­бо­ди Зо­ран За­ев и не­го­ви­те со­ра­бот­ни­ци, об­ви­ну­ва­ња­та про­тив не­го ни­ко­гаш не до­жи­ве­а­ја суд­ска раз­вр­ска, а ди­ле­ма­та да­ли За­ев го пре­кр­шил за­ко­нот за­се­ко­гаш оста­на да леб­ди во воз­ду­хот.

Во сеп­тем­ври иста­та го­ди­на, ко­га бе­ше уап­сен за слу­ча­јот „Гло­бал“, Зоран За­ев ста­на вр­ши­тел на долж­но­ста пре­тсе­да­тел на СДСМ или, ка­ко што го на­ре­че опо­зи­ци­ја­та, чу­вар на фо­тел­ја­та на Бран­ко Цр­вен­ков­ски до­де­ка тој е пре­тсе­да­тел на др­жа­ва­та. Вед­наш по пре­ки­нот на функ­ци­ја­та на Цр­вен­ков­ски, За­ев си оди од пар­ти­ска­та по­зи­ци­ја и ста­ну­ва пот­пре­тсе­да­тел. Во 2009 го­ди­на втор­пат по­бе­ду­ва во тр­ка­та за гра­до­на­чал­ник на Стру­ми­ца.

По пов­ле­ку­ва­ње­то на Цр­вен­ков­ски од пар­ти­ја­та, на кон­гре­сот на СДСМ во мај 2013 го­ди­на За­ев до­би­ва најм­но­гу гла­со­ви и ко­неч­но ста­ну­ва пре­тсе­да­тел на нај­го­ле­ма­та опо­зи­ци­ска пар­ти­ја. Од то­гаш, па до де­нес Зо­ран За­ев во­ди две па­ра­лел­ни би­тки, со ог­лед на не­го­ви­те поз­на­ти вер­бал­ни ис­па­ди, тој ма­ка ма­чи да до­ка­же пред це­ла­та јав­ност де­ка е раз­у­мен по­ли­ти­чар и па­ра­лел­но со тоа да ги убе­ди сво­и­те со­пар­тиј­ци де­ка е ви­стин­ски­от из­бор за ли­дер на не­ко­гаш моќ­на­та пар­ти­ја. Во тие оби­ди 42- го­диш­ни­от по­ли­ти­чар не­ре­тко оди пре­да­ле­ку, со што не са­мо што пра­ви ште­та за сво­јот имиџ ту­ку и пре­диз­ви­ку­ва се­ри­оз­ни по­дел­би во ин­те­ле­кту­ал­ни­те кру­го­ви бли­ски на СДСМ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top