Бијонсе е слаба бидејќи јаде само еднаш на ден и тоа само вегански оброк. Таа јаде само овошје, зеленчук, семки и житарки.
Ова го откри нејзиниот личен тренер во едно интервју, објаснувајќи како светски познатата пејачка успела да се врати во топ-форма по породувањето.
– Бијонсе моментно јаде само еден оброк на ден и тоа вегански – вели Марко Борже, тренерот на Бијонсе.
Таа од исхраната го исфрлила месото и сите производи од животинско потекло. И додека беше трудна таа конзумираше веганска храна, а по породувањето целосно се храни на тој начин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.