| четврток, 6 декември 2018 |

Милошоски денеска во посета на Битола

милошоски

Носителот на кандидатската листа за пратеници на петтата изборна единица на коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски, денес е во посета на Битола.

Во 11 часот Mилошоски оствари средба со почесни конзули во Спомен собата на Кемал Ататурк во Музеј Битола, а во 11:45 ќе се упати на прошетка низ Широк сокак. Во 12:30 часот ќе се сретне со претставници на турската заедница во Битола, а во 13 часот ќе го посети Ат пазар.

Во 14 часот е предвиден завршен прес на носителот и кандидатите за пратеници од Битола, а во 15 часот истите ќе присуствуваат на голем собир со фолклорно дефиле во Гени Маале, на кој што во 15:45 Милошоски ќе има свое обраќање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top