Доајенот на македонската народна песна Ефто Пупиноски на 16 мај ќе одржи концерт во Универзална сала.
Публиката ќе ги слушне и запее со него најголемите хитови од неговата 40-годишна кариера. „Тинке Катинке“, „Лихнида кајче веслаше“, „Ах, ах Ана“ и моментално најбараната песна во кафеаните – „Туѓа си бескрајно“.
Концертот Пупиновски го најави и во утринската програма на МТВ, каде што ги откри и неговите гости.
– Прва гостинка ќе биде Блага Петреска, со која соработуваме со децении. Концертот без неа би бил нецелосен, не можам да се тргнам од неа, ниту, пак, таа од мене – низ смеа изјави Пупиновски.
Покрај Петреска, со која Пупиновски во дует ќе ги изведе „Зоро моја Зорице“, „Кај ме залуди Калино“ и „Песната може сѐ“, гостин на концертот ќе биде и Ѓоко Танески, а на сцената ќе ги придружуваат бендот „Академци“.
Концертот ќе почне во 20 часот, а влезниците може да се најдат во музичката продавница „Пола Југотон“ во ГТЦ, билет сервисот „Купикартизасе“ и на билетарницата на Универзална сала.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.