
Во Босна и Херцеговина наскоро ќе почне да се снима римејк на филмот „Валтер го брани Сараево“, што ќе биде еден од најскапите и најзначани филмски проекти во БиХ по војната.
Интересно е што во проектот ќе учестува и кинеската компанија „Чајна стар медиа“.
Во август се очекува голема свеченост во Кина, на која ќе биде претставен римејкот на еден од најпопуларните воени филмови во поранешна Југославија, каде што главниот лик го толкуваше легендарниот Бата Живоиновиќ.
– Филмот досега беше перцепиран како југословенски. Со овој проект има шанса филмот да стане бренд на БиХ и негов производ – вели министерот за култура и спорт на таа земја, Салмир Каплан.
Кинезите во овој филм ќе вложат седум милиони марки, а во Сараево се очекува голема актерска екипа, многу технички персонал, па може да се очекува и блокада на сообраќајот во пооделни делови од градот. Кога ќе се одреди режисерот, тогаш ќе почне и кастингот за улогите. Уште не се знае кој актер ќе го глуми Валтер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура


