Научниците тврдат дека долготрајното сурфање на интернет е штетно онолку колку што е штетна и дрогата. Кога луѓето кои постојано сурфале, решиле да ги намалат часовите поминати на интернет, се соочувале со вистински кризи, онакви какви што имаат и оние кои злоупотребувале дроги, велат истражувањата спроведени на Универзитетот „Сванси“. Истражувањата биле спореведени на 60 волонетри каде што просечната возраст била 25 години.
– Нашите резултати покажуваат дека половина млади луѓе поминуваат многу време на интернет и тоа има негативни последици на останатите аспекти на нивниот живот. Кога ќе престанат да користат интернет кај нив се јавува лошо расположение, слично како и кај оние кои злоупотребуваат дроги. Овие резултати се поврзани со истражувањата на функцијата на мозокот кои покажуват дека претераното користење на интернет е лошо по здравјето на луѓето – вели професорот Фил Рид.
Волонтерите прво работеле серија психолошки тестови со цел да се одреди нивната зависност од онтернет, нивното расположение, нивото на анксиозност и депресија. По користење на интернетот, повторно биле тестирани. Резултатите покажале дека користењето на интернет имало неверојатно влијание врз луѓето кои се карактеризирани како зависници на интернет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.