Вкупно 150 војници од 173-тата бригада на американската војска пристигнаа во средата во Полска по одлуката на Вашингтон да го зајакне својот ангажман во контекст на напнатоста со Русија во врска со Украина. Два американски транспортни авиони Hercules слетаа попладнето во полската база Свидвин на северозападот на државата.
Вашингтон во вторникот најави распоредување на 600 војници заради вежби во Полска и балтичките држави. Покрај 150-те војници во полска, околу 450 војници се очекува да пристигнат во наредните денови во Естонија, Летонија и Литванија на вежбите кои треба да се одржат во наредните месеци, изјави контраадмиралот Џон Кирби.
-Гестот е конкретен израз на обврските кои не поврзуваат во поглед на сигурноста во Европа, нагласи контраадмиралот Кирби. Пораката и е упатена на Москва.
Распоредувањето треба да трае еден месец, по што единиците ќе бидат заменети со други вооружени сили на американската армија.
Портпаролот на Пентагон прецизираше дека се работи за „билатерални“ операции на САД, а не за вежби на НАТО.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Метју Палмер во Сараево: Македонија може да стане членка на НАТО до средината на 2020 година
-
Полска гори: Околу 200.000 маршираат, патриотите го запалија знамето на ЕУ! (видео)
-
Пендаровски: Од јануари очекувам да бидеме на иста маса со НАТО
-
Не се очекува земјите од Алијансата да распоредат ново нуклеарно оружје во Европа