Украинскиот претседател Александар Турчинов изјави дека Украина нема да попушти пред терористите и побара Русија да ги помести своите трупи подалеку од нивната граница.
Медиумите денеска пренесоа дека украинските власти суспендирале голема воена антитерористичка операција против приврзаниците на федерализацијата на Украина на истокот на земјата, која е донесена по испраќањето на руската војска на вежба по должината на границата со Украина.
Во Славјанск влегоа најмалку 8 оклопни борни коли и се очекува украинската војска да ја преземе контролата. Во нападот на украинската армија загинаа пет жители на овој град. повеќе се ранети, но сеуште не се знае точната бројка.
Украинската војска постави контролни пунктови пред Славјанск, а локалната „народна милиција“ повторно ги зазеде позициите и дополнително ги утврди во внатрешноста на градот. Во борбите учествувале и снајперисти и специјалци, јавуваат руските медиуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.