Одредени политички партии се подготвуваат за предизвикување инциденти за време на изборите со цел непризнавање на резултатите од изборите в недела. Ваквите гласини кои кружеа во јавноста, денес ги потврди и министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.
– Определени политички партии, за жал, ги мотивираат своите симпатизери и активисти да предизвикуваат инциденти, да се однесуваат на начин кој не соодветствува на едно демократско општество, за да имаат основа во случај да се незадволни од резултатот да не го признаваат или да одат кон спроведување на некој друг вид мерки за кои се разбира дека политичките партии носат сопствена процена – нагласи Јанкулоска.
Министерката за внатрешни работи воедно уште една испрати апел до сите граѓани, да не подлегнуваат под никакви притисоци и повици за учество во насилство и недолично однесување, бидејќи одговорноста на секој поединец е индивидуална, особено на оној кој ќе се доведе да биде фатен во извршување на какво било кривично дело.
Јанкулоска потенцираше дека во такви ситуации нема да им помогнат ниту лидерите на политичките партии, ниту оние кои ги иницираат и провоцираат, додавајќи дека како Министерство во континуитет ја следат состојбата поврзана со спроведување на изборната кампања и за претседателските и за парламентарните избори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



