| четврток, 6 декември 2018 |

Трет регионелен собир на навивачите на Ливерпул

unnamed

За сите фанови на фудбалскиот клуб Ливерпул, 27 април 2014 година по многу нешта ќе биде посебен ден велат, од македонскиот фан-клуб на „црвените“ од „Енфилд роуд“. Тие го најавуваат третиот регионалниот собир на навивачи на Ливерпул.

– Ги покануваме сите вљубеници и фанови од земјава да присуствуваат на заедничко следење на натпреварот со Челси, на дружење, навивање во пријателска атмосфера и уживање во најважната, споредна работа во светот. Почетокот на собирот е закажан еден и пол час пред почетокот на натпреварот, кој ќе започне во 15.05 часот, со најава за изненадувања, интересна и динамична програма. Локацијата на настанот е пивница „Стар Град“ во Скопје, а сѐ што ви треба е вашиот црвен дрес, шал, маица, знаме или само добра волја и желба за дружење со останатите навивачи – велат од македонскиот фан-клуб.

ливерпул1

Неофицијални фан-клубови за Ливерпул во Македонија постојат подолго време кои според можностите се организирале и давале поддршка на клубот на свој начин . Членови на клубот го следеле Ливерпул во европските купови двапати во Софија, финалињата во Истанбул и Атина како и со Работнички во Скопје, а дел и на натпревари од Премиер лигата, и сето тоа во сопствена режија.

– По долгогодишни преговори со Ливерпул  и меѓусебна соработка и договор пред се на фановите од Битола и Скопје , минатата година се изборивме да добиеме и официјален статус од клубот, и како Macedonian Reds се придруживме на мрежата од преку 200 фан клубови од целиот свет. Во текот на оваа сезона успеавме да зачлениме повеќе од 250 фанови од кои околу 50 и со официјално членство од Ливерпул, обезбедивме трајни локали за следење на натпреварите , започна со работа нашата веб страна www.macedonianreds.com , се вклучивме во акции на фудбалскиот клуб Ливерпул, а добивме и право да гласаме за најдобар играч и млад играч на Ливерпул во оваа сезона. Ние како фан клуб имаме пристап до влезници за натпревари од Премиер Лигата , можеме да организираме посети на Енфилд и настани како што се турнири во мал фудбал низ цела Европа или присуство на тренинг со играчите на Енфилд а тоа е само дел од активностите кои ги планираме за наредната сезона  а како заокружување на целата работа во оваа сезона го организиравме и третиот регионален собир за навивачи на Ливерпул во Скопје – додаваат од македонскиот фан-клуб на Ливерпул.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top