Филмот „Епизода во животот на собирачот на старо железо“ од босанскиот режисер Данис Тановиќ освои три награди на годинешното Берлиенале. Куриозитет на филмот е што како главни ликови се појавуваат луѓето чија животна приказна послужила како подлошка за филмот. Ретко се случува еден натуршчик, а токму така може да се опише главниот протагонист во филмот Назиф Мујиќ, да освои награда за најдобар актер на голем филмски фестивал како што е берлинскиот.
Тој во филмот мошне уверливо ја „одглуми“ агонијата низ која поминуваше обидувајќи се да обезбеди елементарно здравствено осигурување за својата сопруга, Сенада. Назиф и Сенада по завршувањето на „Берлиенале“ полека се враќаат на вообичаениот живот, односно на преживувањето. Нафиз и понатаму ќе собира старо железо за да го прехрани семејството, а и двајцата се надеваат дека нивниот син кој по режисерот Тановиќ го доби името Денис можеби еден ден ќе може да го избере филмот како животна определба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура